Почетна страница - Книги - Без ривал

Без ривал
Учител: Лиса Бивир

Постои причина зошто гледаме на другите како на ривали и се ограничуваме себеси на споредување и конкуренција. Имаме непријател кој го напаѓа нашиот ум, нашата волја и емоции со надеж дека ќе се свртиме против себеси или другите. Тоа е циклус што нè изолира од блиски и лични врски, создава збунетост во однос на нашиот идентитет и ја ограничува нашата цел.

Во книгата Без ривал, Лиса Бивир, автор на најпродавани книги, истакнува како откровението на Божјата љубов ги крши овие ограничувања. Ќе научите како да престанете да ги гледате другите како ривали и како да воспоставите длабока поврзаност со вашиот Создател за која впрочем и копнеете – поврзаност која ги содржи ветувањата за вистинскиот идентитет и блискост. Со здраво библиско поучување исполнето со пророчки увид за времето во кое живееме, Лиса користи хумор и страст со цел да ве предизвика:

– Свртете го ривалството во ваша полза, со тоа што ќе го извлекува најдоброто од вас.
– Престанете да се криете од разговори во кои треба да учествувате.
– – Одговорете на аргументот кој вели дека жените се неспособни, лесно измамени и лековерени.
– Укинете го половото ривалство и работете со мажи во вашиот живот.

Време е да истапите напред и да живеете живот без соперништво.

Преземање (~1.53 MB)

Споделете