Почетна страница - Книги - Непоколебливи

Непоколебливи
Учител: Лиса Бивир

Според древната античка дефиниција, адамант бил познат и како дијамант и како митски камен на неуништиво чудо. Во посовремената терминологија, адамант ја опишува позицијата на непоколеблива решителност и одлучност. Ако некогаш постоело време да се биде непоколеблив за љубовта и вистината тоа е сега. Бог е Љубов. Бог е Вистина. Љубовта и вистината се безвременски и тие се над сегашните модерни трендови и мислења. Понекогаш најљубезното нешто што некогаш ќе го направиме е да ја зборуваме вистината, но зборувањето на вистината започнува со тоа што ќе ја живееме истата.

Користејќи ја нарацијата на Светото Писмо, најпродаваниот автор Лиса Бивир, ве води на едно патување до „Божјата Гора“, или единственото место каде што ќе научите да пребивате во Божјата непоколеблива вистина и љубов, и ќе одлучите да станете непоколебливи – цврсти, одлучни, и непопустливи.

Убедливо и со страст, Лиса го распакува концептот на непоколебливи, поврзувајќи ја големата приказна на Светото Писмо со Божјата намера и цел за нашите животи. Божјиот план за сите нас можеме да го дознаеме додека пребиваме во Него, а таму во Неговото присуство Тој нѐ обликува и изградува. Како што пребиваме во Христос, нашиот Камен-темелник, ние сме обликувани во ликот на Непоколебливиот.

Преземање (~2.26 MB)

Споделете