Почетна страница - Аудио - Боже, каде си?! Аудиокнига

 
Боже, каде си?! Аудиокнига
Учител: Џон Бивир

Најди сила и цел во твојата пустина

Дали се чувствувате изгубено во тешка сезона, прашувајќи се, „БОЖЕ, КАДЕ СИ?!“

Можеби Бог ви зборувал, но сега ви се чини дека Тој е тивок. Можеби чекоревте напред во вера, но сега Неговото присуство Го нема никаде. Добредојдовте во пустината – место помеѓу примање на ветувањата од Бог и остварување на истите.

Но, еве ја добрата вест – пустината не е бесмислена. Бог ја користи пустината за да ве подготви и опреми за вашата иднина – се разбира, доколку низ неа минувате на правилен начин. Спротивно на она што многумина мислат, поминувањето низ оваа сезона не е само прашање на чекање на Бог. Вие имате улога кој треба да ја одиграте додека минувате низ пустината. Голема улога. И доколку не сакате да губите време на бесцелно вртење во круг, многу е важно да научите во што, всушност, се состои вашата улога.

Во оваа поучна книга, еден од најпродаваните автор, Џон Бивир, ве опремува со клучни библиски сознанија и длабоки приказни кои ќе ви помогнат да минете низ вашите суви или тешки сезони, како и да зачекорите во сѐ она што Бог го има за вас.

Преземете ги сите (ZIP): ~323.55 MB

Другите членови на исто семејство:
Боже, каде си?!
Боже, каде си?! Наставен видеоплан
Боже, каде си?! Наставен Аудиоплан

Споделете