Тековен јазик: mk македонски

Јазик

Почетна страница - Книги - Воден од вечноста

Воден од вечноста
Учител: Џон Бивир

Нашиот живот на оваа земја е само пареа, а сепак многу од нас живеат така, како да не се наоѓа ништо од другата страна. Но, начинот на кој го живееме овој живот ќе одреди како ќе ја поминеме вечноста. Светото Писмо ни кажува дека ќе има различни степени на награди за верниците – протегајќи се од тоа да видиме како сѐ што сме постигнале е проголтано во оган на денот на судот, сѐ до владеење со Самиот Христос. 


Поаѓајќи од принципите во 2 Коринќаните 5:9-11, Џон Бивир нѐ потсетува дека сите верници ќе застанат пред Христос за да го примат она што го заслужиле во животот. Многумина од нас ќе бидат шокирани кога ќе откриеме дека поголемиот дел од нашето време сме го потрошиле на работи, кои не придонесуваат за вечните награди.

Како тогаш да изградиме значајни животи? Во Воден од вечноста, ќе научите како да го откриете вашиот повик и да го мултиплицирате она што Бог ви го има дадено. Како што ќе се здобивате со вечна перспектива, ќе бидете зајакнати трудољубиво да работите за она, што трае вечно.

Другите членови на исто семејство:
Воден од вечноста Наставен видеоплан
Воден од вечноста Наставен Аудиоплан
Воден од вечноста Аудиокнига

Преземање (~6.03 MB)

Споделете