Тековен јазик: mk македонски

Јазик

Почетна страница - За Нас

За Библиотеката Cloud

Месенџер интернешнел е посветен на глобалниот фокус да ги направи овие ресурси достапни за пасторите и водачите без оглед на нивната географска локација или финансиска состојба. Библиотеката Cloud е создадена за таа цел. Таа служи како меѓународна дистрибутивна мрежа која овозможува слободна размена и користење на преведените ресурси.

Нашата цел е да ги направиме овие ресурси достапни на сите поголеми јазици, и со тоа да создадеме потенцијал да се достигнат 98% од населението на Земјата. Библиотеката Cloud е еден од начините за остварување на таа цел. Зошто, ќе прашате? Затоа што виртуелните ресурси можат да се мултиплицираат и да патуваат многу побрзо отколку физичкиот ресурс. Се надеваме дека ќе уживате во вашето искуство на Библиотеката Cloud.

Од оснивачите

Исус ни даде заповед не само да го проповедаме евангелието, туку и да правиме ученици. Овие пораки ќе ви помогнат да станете Христов ученик. Ние инвестираме во вашата обука затоа што веруваме во вас и во вашите способности, преку Божјата благодат да го преобразите вашиот свет на влијание. Бог ставил величие внатре во вас и Тој копнее да ве познава во целост. Овие ресурси ќе ви помогнат да го откриете овој интимен, личен однос со Бог. Како што ќе растете во вашиот однос со Христос, ќе бидете преобразени преку моќта на Неговото Слово.

Бог ве создал со одредена цел, која е уникатна во однос на вашата надареност и вашето влијание. Ве охрабруваме да ја истражите полнотата на сето она што Бог го има за вас. Нашата молитва е овие ресурси да ве опремат во вашето патување кон ова откритие.

Бидете благословени вие и вашите ближни,

Џон и Лиса Бивир

Поддржете ја визијата

Гори ли вашето срце да ги видите овие ресурси, кои го менуваат животот, дистрибуирани насекаде низ светот? Доколку сте заинтересирани да ја поддржите мисијата на Библиотеката Cloud, ве молиме испратете ни имејл на getinvolved@cloudlibrary.org. Однапред ви благодариме за вашите молитви и поддршка.